Makedonski

ОДРЖАНА ТРИБИНА ЗА ЈАЗИКОТ ВО ПАНЧЕВО

Izvor: 
Liljana Lazareska Sub, 22/12/2018 - 18:54

Tekst na srpskom jeziku

Во организација на Македонскиот културен центар „Блаже Конески“, на 21 декември, во Градската библиотека во Панчево, е одржана Филолошко-уметничка вечер на тема „Македонскиот јазик, книжевност и култура во образовниот систем на Република Србија и Српскиот јазик, книжевност и култура во образовниот систем на Република Македонија“. Уредник на вечерта беше Верка Митковска, а во работата на трибината учествуваа шест научни работници, лингвисти и филолози од Скопје, Белград, Ниш и Панчево и тоа д-р Јелена Филиповиќ, д-р Данијела Костадиновиќ, д-р Станислав Станковиќ, д-р Роза Гурмешевиќ, Лилјана Лазареска и Ана Новаковиќ. Во уметничкиот дел настапија учeници од Музичкото училиште „Јован Бандур“, Панчево. 

-Целта е да се подобрат условите за изучување на македонскиот јазик во Република  Србија и српскиот во Република Македонија. Да видиме како се работи таму и со кои проблеми се сретнуваат, да размениме мислења и примениме она што е добро. Опфатена е проблематиката од основно училиште до докторски студии. Заклучено е тоа дека за да се постигне целта мора повеќе да се работи, рече Верка Митковска.

Според мислењето на д-р Станислав Станковиќ и во двете држави, од повеќе причини, се намалува интересот за учење на мајчиниот јазик.

-Ваквите средби и ваквите паралелни истражувања и информации до кои се доаѓа на вакви трибини се многу потребни. Учесниците и публиката добиваат целосна слика за состојбата на теренот во двете држави. Интересот за учење на мајчиниот јазик, за жал, опаѓа, нагласи д-р Станковиќ.

Вакви тематски трибини во организација на Македонскиот културен центар „Блаже Конески“ во Панчево се одржуваат веќе петта годинa.




Marketing



Najnovije vesti