Makedonski

АКТУЕЛНИ И ПОСЛЕ 50 ГОДИНИ

Izvor: 
Liljana Lazareska Sre, 05/12/2018 - 18:54

Tekst na srpskom jeziku

Музичкиот состав „Максис“ од Јабука на извонреден начин ја прослави 50 годишнината од постоењето. Неколкумина музичари кои кариерата ја започнале пред половина век на втори декември приредија незаборавна вечер. Пред преполната сала на Домот на културата „Кочо Рацин“ во Јабука евоцираа спомени, свиреа и пееја хитови со кои некогаш го привлекувале вниманието на многубројната публика на игранките и концертите во Јабука и околината, но и во многу градови на некогашна Југославија.

-Благодарение на Специјалниот домот „Срце“ од Јабука добивме инструменти. Свиревме и пеевме редовно кај нив и насекаде каде нѐ викаа. Бевме доста барани и инспирација на многу музички групи кои се формираа во селата во општина Панчево, рече Милорад Максимовиќ, основач на музичкиот состав.

Членовите на „Максис“ со носталгија се сеќаваат на времињата кога биле во центарот на културните настани во општина Панчево.

-Сегашната кино сала пред 50 години беше сала за играње и беше полна со публика. Се играше и пееше. Секој петок и сабота одржувавме игранки на кои присуствуваа околу 500 луѓе од Јабука, а доаѓаа и од соседните села, се потсети Венче Јовановски.

Многу познати музичари свиреле и пееле во групата. Во сеќавањата на основачите на составот сите имаат посебно место, но постарата публика ги памети Атанас Арменски, Драган Целевски, Никола Марковски, Никола Груевски, Стево Савиќ, Венче Јовановски, Милорад Максимовиќ и други кои свиреле на неколку инструменти и пееле. Се пеело забавно, народно, се играло оро.

Евоцирањето на спомени кај присутните во салата предизвика посебна носталгија. Тие не го криеја задоволството што присуствуваа на еден ваков концерт кој ги потсети на младоста.




Marketing



Najnovije vesti